|
Писмо на сочувство до Претседателот на Романија
|
|
|
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов упати писмо со изрази на сочувство до Претседателот на Романија Трајан Басеску. Следи текст на писмото - Почитуван господине Претседател. Со големо жалење ги примив вестите за трагедите предизвикани од поплавите кои ја погодија пријателска Романија, како и за авионската несреќа на транспортниот воен авион во близина на градот Тузла. Искрено жалам за загубените животи. Дозволете ми, господине Претседател, во овој тажен миг за Вас и Вашата земја, во името на граѓаните на Република Македонија и во свое лично име, да Ви упатам изрази на најискрено сочувство. Ве молам, господине Претседател, изразите на сочувство да ги пренесете до семејствата на трагично настраданите. д-р Ѓорге Иванов
|