Писмо на сочувство до Претседателот на Романија
Tuesday, 06 July 2010 00:00   
There are no translations available.

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов упати писмо со изрази на сочувство до Претседателот на Романија Трајан Басеску. Следи текст на писмото -
Почитуван господине Претседател.
Со големо жалење ги примив вестите за трагедите предизвикани од поплавите кои ја погодија пријателска Романија, како и за авионската несреќа на транспортниот воен авион во близина на градот Тузла. Искрено  жалам за загубените животи.
Дозволете ми, господине Претседател, во овој тажен миг за Вас и Вашата земја, во името на граѓаните на Република Македонија и во свое лично име, да Ви упатам изрази на најискрено сочувство.
Ве молам, господине Претседател, изразите на сочувство да ги пренесете до семејствата на трагично настраданите.
д-р Ѓорге Иванов

  Back<<Назад