Новости
prm_makedonci_srbija_01
Средба на претседателот Иванов со претставници на македонската заедница во Република Србија
Четврток, 23 Јуни 2016

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска прими претставници од Националниот совет на македонското малцинство во Република Србија.

На средбата, беа разменети мислења и информации за предизвиците и можностите за македонската заедница во доменот на зачувување и афирмирање на македонскиот јазик, култура и традиција, како и за нивното учество во општествениот и политичкиот живот во Република Србија.

Претставниците на Националниот совет изразија благодарност за континуираната поддршка што ја добиваат од македонските институции и Република Македонија како матична држава, притоа го информираа претседателот Иванов за нивните проекти во областа на образованието и културата.

На средбата беше разговарано и за активностите на Македонската национална заедница во Република Србија, во пресрет на одбележувањето на јубилејот „70 години од доселувањето на Македонците во Војводина, под мотото „Мајка Македонија".
prm_makedonci_srbija_2

_
Средба со генерал Мјечислав Гоцул, началник на Генералштабот на вооружените сили на Република Полска
Вторник, 21 Јуни 2016

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го прими началникот на Генералштабот на вооружените сили на Република Полска, генерал Мјечислав Гоцул, кој престојува во официјална посета на Република Македонија и на АРМ.

На средбата се разговараше за севкупните билатерални односи меѓу двете земји, при што е изразено задоволство од досегашната одлична соработка и одржувањето на дијалогот на високо ниво во областите од заеднички интерес, особено во областа на одбраната.

Претседателот Иванов посебно ја истакна досегашната активна поддршка што Република Македонија ја добива од страна на Република Полска, која е особено изразена во политиката на „отворени врати на НАТО", при што изрази очекување за нејзина потврда и на претстојниот Самит на Алијансата што ќе се одржи во Полска наредниот месец.

Заедничка констатација на претседателот Иванов и генералот Гоцул е дека постои потенцијал за зајакнување на билатералната соработка во областа на одбраната. Во тој контекст двајцата соговорници изразија очекување за интензивирање на соработката меѓу армиите на двете земји како основа за заеднички ангажмани во наредниот период.

prm_obce_4
Средба со шефот на мисијата на ОБСЕ во Република Македонија, амбасадорот Нина Суомалаинен
Вторник, 21 Јуни 2016
01NGS_Cheska
Средба на претседателот Иванов со генерал Јозеф Бечвар, началник на Вооружените сили на Чешката Република
Вторник, 14 Јуни 2016

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го прими генерал Јозеф Бечвар, началник на Вооружените сили на Чешката Република, кој престојува во официјална посета на Република Македонија.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете земји, при што беше изразено задоволство од одржувањето на дијалогот на високо ниво во сите сфери од заемен интерес, за што потврда е минатонеделната официјална посета на претседателот на Чешката република, г. Милош Земан, на Република Македонија.

Претседателот Иванов го истакна значењето на поддршката што Чешката Република го дава за евроатланските интеграции на Република Македонија, и изрази очекување дека истата ќе продолжи и во наредниот период.

„Очекуваме конструктивна поддршка во претстојниот период и отворено лобирање од Чешка во рамките на НАТО за што поскоро ефектуирање на поканата за членство на Република Македонија во Алијансата", рече претседателот Иванов на средбата.

Двајцата соговорници се согласија дека од заеднички интерес е и интензивирањето на соработката помеѓу двете армии, преку воспоставување на поголема динамика во областа на одбраната.
02NGS_Cheska

CZ-r
Чешкиот претседател Земан во официјална посета на Република Македонија
Четврток, 09 Јуни 2016


CZРепублика Македонија направи многу кога станува збор за справувањето со предизвиците наметнати со бегалската криза, дури и многу повеќе отколку некои држави членки на Европската унија. Тоа го истакна претседателот на Чешката Република, г. Милош Земан во Охрид, по средбата со претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов.

- Тука сум во Македонија за да ја изразам почитта и личното признание за начинот на кој македонскиот народ се справи мигрантската криза, притоа бранејќи ја не само својата, туку и границата на Европа. Нашиот став е дека Република Македонија покажа далеку поголема одважност од некои од државите членки на ЕУ и НАТО и оттаму сакам да ја изразам потполната поддршка на Република Македонија за нејзина целосна евроатлантска интеграција, истакна претседателот Земан.

Претседателот Иванов од своја страна ја истакна потребата од глобален и координиран ангажман и засилена соработка меѓу државите при справувањето со сите новонастанати предизвици, особено на безбедносните ризици и закани, притоа изразувајќи благодарност до претседателот Земан за целокупната поддршка што Чешката Република ја дава на Македонија во справувањето со бегалската криза, со присуството на чешки полицајци, како и со помошта во опрема за контрола на границата.

Што се однесува на македонските стгратешки цели – зачленувањето во ЕУ и НАТО, во разговорот со чешкиот претседател, претседателот Иванов ја нагласил потребата од заживување на процесот на проширување на двете организации.

Негова забелешка е дека интегрирањето на целиот регион во ЕУ и НАТО е од суштинско значење за регионалниот мир и стабилност, и најсоодветен одговор на сите предизвици како миграцијата и безбедноста, а воедно ќе придонесе и за зајакнување на демократските институции и економски развој.

- Сведоци сме дека статус-кво состојбата не донесе ништо добро. Напротив, блокирањето на европската и евроатлантската иднина придонесе и кон блокирање на политиките процеси и внатрешна стагнација во Македонија, рече претседателот Иванов, притоа изразувајќи уверување дека Чешката Република како докажан и принципиелен пријател и партнер ќе продолжи да ја поддржува Македонија во остварувањето на нејзините стратешки цели.

Претседателот Иванов на чешкиот претседател Земан му додели Орден „8 Септември", за исклучителни заслуги за развивање и зацврстување на пријателските односи и мирољубива рамноправна соработка меѓу Република Македонија и Чешката Република, како и за афирмирање и јакнење на меѓународната положба и углед на Република Македонија.
.

Посетата на високата чешка делегација продолжува и утре со македонско-чешки бизнис форум, како можност за остварување контакти на стопанственици на двете држави, во насока на интензивирање и унапредување на економската соработка за која обострана оценка дека не е на нивото на условите и постојниот потенцијал.

shkola
Објавен конкурсот за Школата за млади лидери на претседателот Иванов
Четврток, 09 Јуни 2016

Објавен е конкурсот за седмата по ред Меѓународна обука за млади лидери, што под покровителство на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, ќе се одржи од 14 до 26 август во Охрид.

Програмата е наменета за млади луѓе со завршено високо образование кои имаат желба преку нивните лидерски вештини да придонесат за позитивен развој на општеството и околината во која живеат и работат. Како што се наведува во објавениот конкурс, програмата на школата опфаќа предавања и практични вежби за лидерство, со еминентни предавачи од земјава и странство, а наставата се одвива на македонски и на англиски јазик.

На конкурсот, што е отворен до 17 јуни, може да учествуваат сите лица од Република Македонија и наши иселеници што живеат во странство. Условите за конкурирање, предвидуваат апликантите да имаат одлично познавање на англиски јазик, да имаат висок просек (еднаков или поголем од 8,5) на додипломските студии, а работното искуство од една до пет години ќе се смета за предност. Апликацијата, што треба да се достави до Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, треба да содржи биографија, кратко мотивациско писмо, копија од уверение за положени испити, потврда за одлично познавање на англиски јазик и две препораки.

Школата за млади лидери за прв пат беше организирана кон крајот на август 2010 година во Охрид. Во изминатите шест години на неа учествуваа околу 240 млади луѓе со различна академска и професионална определба. Учесниците на досегашните школи се организирани во Алумни асоцијација – ИСЛАА, регистрирана како посебно здружение, кадешто преку организација на семинари, панел дискусии, предавања и учества во младински настани, продолжува развојот на знаењата и вештините на досегашните учесници на школата.

Oglas_2016_1

Oglas_2016_2

 
Почеток < Пред 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 Следно > Крај
Страница 49 од 198