Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, во придружба на неговата сопруга г-ѓа Маја Иванова, вчеравечер го проследи концертот на Ансамблот на народни игри и песни на Македонија „Танец".
Концертот, кој е под покровителство на претседателот Иванов, се одржа во чест на доајените на македонската изворна песна, Васка Илиева, Никола Бадев, Александар Сариевски и Кочо Петровски.
За време на концертот беше промовирана и книгата „ Македонската песна на далечните меридијани со легендите Васка Илиева, Никола Бадев, Александар Сариевски, Кочо Петровски", од Роска Бадева.
