Церемонија на свечено менување на државното знаме
Петок, 11 Ноември 2016   

znameeВо Кабинетот на Претседателот на Република Македонија денеска се одржа церемонија на свечено менување на државното знаме. На церемонијата присуствуваа претседателот Иванов и ученици од ОУ „Љубен Лапе" и ООУ „Стив Наумов" од Скопје.

Промената на државното знаме на Република Македонија пред Кабинетот на Претседателот го изврши гардиската единица на Армијата на Република Македонија.

Церемонијата е со цел подигнување на чувството и почитта кон знамето на Република Македонија како репрезент и симбол на државноста на нашата земја.

  Back<<Назад