2016 година
08.12.2016-Претседателот Иванов ги посети припадниците на Армијата на Република Македонија и другите безбедносни служби задолжени за обезбедување на државната граница во објектот на Здружениот штаб во Гевгелија, и ја посети македонско-грчката граница кај граничниот камен 59.
08.12.2016 Посета на јужната граница

08.12.2016-Претседателот Иванов со сопругата г-а Маја Иванова, присуствуваа на свечената литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“, по повод државниот празник 8 Декември - Свети Климент Охридски и одбележувањето на 1100 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски.
08.12.2016 Одбележување на празникот 8 Декември - Свети Климент Охридски

07.12.2016-Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, се обрати на свечената академија по повод државниот празник 8 Декември - Свети Климент Охридски и одбележувањето на 1100 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски.
07.12.2016 Свечена академија по повод „Св. Климент Охридски“

06.12.2016-Претседателот Иванов во придружба на неговата сопруга, г-ѓа Маја Иванова, го проследија свечeниот концерт по повод 50 годишниот јубилеј од основањето на Факултетот за музичка уметност.
06.12.2016 Концерт-50 години од постоењето на ФМУ

06.12.2016-Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, го одликуваше Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" - Скопје со „Орден за заслуги за Македонија".
06.12.2016 „Орден за заслуги за Македонија“ за ФМУ

07.12.2016-претседателот Иванов присуствуваше на свечената академија по повод 1100 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски во црквата „Свети Климент“.
05.12.2016 Свечена академија-1100 г. од упокојување на Св. Климент Охридски

05.12.2016-Претседателот на Република Македонија и врховен командант на Армијата на Република Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов, беше во посета на касарната „Јане Сандански“ во Штип и оставри средба со командантите на баталјоните лоцирани во касарната.
05.12.2016 Посета на касарната „Јане Сандански“ во Штип

03.12.2016-Претседателот Иванов се обрати на Конференцијата за млади лидери „Предизвици и можности за младите денес“, што се одржа во хотелот „Изгрев“ во Струга.
03.12.2016 Конференција „Предизвици и можности за младите денес“

02.12.2016-Претседателот Иванов се обрати на свечената академија по повод патрониот празник на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола.
02.12.2016 Свечена академија - Универзитет „Св. Климент Охридски“, Битола

02.12.2016-Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов ги посети припадниците на Армијата на Република Македонија и другите безбедносни служби задолжени за обезбедување на државната граница, на граничниот премин „Меџитлија“.
02.12.2016 Посета на граничниот премин „Меџитлија“

02.12.2016-Претседателот Иванов го додели признанието „Македонски квалитет 2016 година“.
02.12.2016 Доделување на признанието „Македонски квалитет 2016 година“

01.12.2016-Претседателот Иванов и сопругата г-ѓа Маја Иванова, го проследија симфонискиот концерт на Македонската филхармонија, насловен „Алхемија“.
01.12.2016 Симфониски концерт на Македонската филхармонија

 
Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај
Страница 2 од 16