2016 година
24.01.2016-Претседателот Иванов во Народната канцеларија во Битола оствари средба со граѓани на која што се запозна со нивните ставови и мислења околу општествените состојби во Република Македонија и во градот Битола.
24.01.2016-Средба со граѓани во Народната канцеларија во Битола

23.01.2016-На вториот ден од новогодишниот прием за членовите на дипломатскиот кор акредитирани во Република Македонија, претседателот Иванов и членовите на дипломатскиот кор го посетија инфо – центарот „Пелистер“, каде беше одржана презентација за природните и туристичките карактеристики на Националниот парк Пелистер. Потоа, во хотелот „Молика“ се одржа презентација за инвестициските можности на општина Битола.
23.01.2016-Битола, втор ден од дипломатскиот прием

22.01.2016-Претседателот Иванов,  во Битола приреди прием за членовите на дипломатскиот кор, акредитирани во Република Македонија.
22.01.2016-Прием за членовите на дипломатскиот кор во Битола

21.01.2016-Претседателот Иванов, денеска ги прими акретитивните писма на новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Нов Зеланд за Република Македонија, со седиште во Рим, Н.Е. г. Патрик Џон Рата.
21.01.2016-Акредитиви Нов Зеланд, ДНР Кореја

20.01.2016-Претседателот Иванов денеска ги прими акредитивните писма на  новоименуваниот амбасадор на Република Финска, Н.Е. г. Перти Иконен.
20.01.2016-Акредитиви - Финска, Швајцарија, Естонија, Ирска

19.01.2016-Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денеска присуствуваше на одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици во Кичево.
19.01.2016-Одбележување на Богојавление – Водици во Кичево

18.01.2016-Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов денеска го врачи мандатот за состав на Влада на Република Македонија на г. Емил Димитриев.
18.01.2016-Врачување мандат за состав на Влада на Република Македонија

12.01.2016-Претседателот Иванов денеска во салата „Јане Сандански“, ја посети Македонската машка ракометна репрезентација, во пресрет на настапот на Европското првенство во Полска.
12.01.2016-Средба со ракометната репрезентација на Македонија

07.01.2015-Претседателот Иванов и неговата сопруга, г-ѓа Маја Иванова, вечерва во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје присуствуваа на божикниот концерт „10 години Божик - слава“ на женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“.
07.01.2016-Божикен концерт „10 години Божик - слава“

06.01.2016-По повод Бадник, а во пресрет на големиот христијански празник Божиќ, претставници на Специјална олимпијада Македонија присуствуваа на бадникова трпеза со семејството на претседателот Иванов, во нивниот дом.
06.01.2016-Бадникова трпеза за Специјална Олимпијада Македонија

05.01.2016-Претседателот Иванов, сопругата г-ѓа Маја Иванова и синот Иван денеска присуствуваа на одбележувањето на празникот „Свети Наум Охридски Чудотворец“ во манастирскиот комплекс на Попова Шапка.
05.01.2016-Одбележување на „Свети Наум Охридски Чудотворец“ - Попова Шапка

01.01.2016-Претседателот Иванов како врховен командант на вооружените сили традиционално на првиот ден од Новата година ги посетува припадниците на Армијата.
01.01.2016-Посета на припадниците на АРМ распоредени на јужната граница

 
Почеток < Пред 11 12 13 14 15 16 Следно > Крај
Страница 16 од 16