2017 година
15.10.2017-Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов на првиот круг на локалните избори во Република Македонија 2017 година гласаше во изборното место 2859 во Скопје, во средното училиште „Јосип Броз Тито“.
15.10.2017 - Гласање на првиот круг на локалните избори

13.10.2017-Во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија се одржа церемонија на свечено менување на државното знаме.
13.10.2017 - Церемонија на свечена промена на државното знамe

11.10.2017-Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод 11 Октомври - Денот на народното востание, во Прилеп, положи свежо цвеќе на спомениците на Методија Андонов Ченто и Кузман Јосифовски Питу и на спомен обележјето „Могила на непобедените“.
11.10.2017 - Положување цвеќе во Прилеп

09.10.2017-Претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили, д-р Ѓорге Иванов, присуствуваше на тактичката вежба со боево гаѓање „Засилен механизиран пешадиски баталјон во напад“, што на армискиот полигон „Криволак“ ја изведоа припадните на АРМ.
09.10.2017 - Тактичка вежба на АРМ на полигонот Криволак

09.10.2017-Претседателот Иванов се обрати на Свечената академија по повод одбележувањето на 50-годишнината од основањето на МАНУ, која се одржа под негово покровителство.
09.10.2017 - Одбележување на 50-годишнината од основањето на МАНУ

06.10.2017-Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, се обрати на свеченото отворање на третата Конференција на Народна Република Кина и земјите од Централна и Источна Европа, што се одржa во Охрид.
06.10.2017 - Обраќање на 3.конференција на Кина и земјите од ЦИЕ

04.10.2017-Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, го прими министерот за надворешни и европски работи на Големото Војводство на Луксембург, г. Жан Аселборн.
04.10.2017 - Средба со МНР на Луксембург, г. Жан Аселбoрн

03.10.2017-Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, прими претставници на македонската делегација учесници на 19. Светскиот фестивал за млади и студенти во Сочи, Русија.
03.10.2017 - Македонија на 19. Светски фестивал за млади и студенти во Сочи

30.09.2017- Претседателот Иванов присуствуваше на Духовната академија по повод 50 годишнината од возобновувањето на автокефалноста на Охридската арихиепископија како Македонска православна црква, што се одржа во катедралниот храм „Света Софија“ во Охрид.
30.09.2017 - Духовна академија-50 годишнина од возобновување на МПЦ

26.09.2017- Претседателот Иванов во Скопје присуствуваше на прием по повод 68-годишнината од основањето на Народна Република Кина.
26.09.2017 - Прием по повод 68-годишнината од основањето на НР Кина

24.09.2017- Претседателот Иванов со сопругата г-а Маја Иванова, присуствуваа на церемонијата на канонизација на архимандритот Јоаникиј Ракотински, што се одржа во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.
24.09.2017 - Церемонија на канонизација на архимандритот Јоаникиј Ракотински

23.09.2017- Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, се обрати на свеченото отворање на 38. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки” во Битола.
23.09.2017 - Свечено отворање на 38 издание на ИФФК „Браќа Манаки“

 
Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај
Страница 4 од 13