| Писмо на сочувство до нигерискиот претседател Џонатан за жртвите во терористичките напади | |
|
|
Ваша Екселенцијо, Со длабока тага и чувство на огорченост ја примив веста за терористичките напади во Федерална Република Нигерија и искрено жалам за загубените животи во оваа голема трагедија. Во овие тажни моменти за Вас, за граѓаните на Вашата земја и семејствата на настраданите и повредените, дозволете ми, од името на граѓаните на Република Македонија и од мое лично име да Ви упатам изрази на длабоко сочувство. Сакам да Ве уверам дека срцата на македонските граѓани се со Вас и со семејствата на настраданите во терористичките напади. Ве молам, господине Претседателе, изразите на сочувство да ги пренесете до семејствата на трагично настраданите. Д-р Ѓорге Иванов
|
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, испрати писмо на сочуство до претседателот на Федерална Република Нигерија, г-дин Гудлак Џонатан, по повод загубените животи во неодамнешните терористички напади кои се случија во Нигерија.










