| Честитка до израелскиот претседател Шимон Перес по повод еврејскиот празник Ханука | |
|
|
Почитуван претседателе Перес, Ми претставува особено задоволство, во име на граѓаните на Република Македонија како и во мое лично име, да Ви упатам срдечни честитки по повод големиот еврејски празник на светлината - Ханука, со желби за мир, благосостојба и напредок на Вашата земја и нејзините граѓани. Вчера имав несекојдневна чест да ја запалам првата свеќа на ханукијата во синагогата во Скопје и да го прославам овој празник заедно со припадниците на Еврејската заедница во Република Македонија кои претставуваат вистински мост на пријателство меѓу двата народи и двете земји. Честитајќи Ви ја Ханука, дозволете ми да го искажам своето задоволство од досегашниот позитивен развој на односите и соработката меѓу Република Македонија и Државата Израел, за кои сум убеден дека и во иднина ќе продолжат да се развиваат во духот на пријателството и меѓусебното разбирање. Упатувајќи Ви најдобри желби, Ве молам да ги примите, господине Претседателе, изразите на моето највисоко почитување. Д-р Ѓорге Иванов
|
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов упати честитка до претседателот на Државата Израел, Шимон Перес, по повод големиот еврејски празник Ханука:










