| Честитка до припадниците на турската заедница по повод Денот на настава на турски јазик | |
|
|
Почитувани, Дозволете ми во мое лично име и во името на македонските граѓани, на сите припадници на турската етничка заедница во Република Македонија да им го честитам 21 декември, Денот на настава на турски јазик. Образованието на мајчин јазик е основа во зачувувањето на националниот и културниот идентитет и природно право на секој човек. Оттука, Република Македонија со гордост го празнува Денот на образованието на турски јазик, кој овозможува нашите сограѓани од турска националност да ги негуваат своите богати културни традиции и вредности уживајќи ги сите демократски права и граѓански слободи. Нека е честит празникот. Со почит, Д-р Ѓорге Иванов
|
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов по повод 21 декември, Денот на настава на турски јазик, упати честитка до припадниците на турската заедница во Република Македонија.










