Честитка до новоизбраниот Претседател на Република Бугарија, Росен Плевнелиев
Вторник, 01 Ноември 2011   

altПретседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, упати писмо со честитка до новоизбраниот Претседател на Република Бугарија, Росен Плевнелиев.

Почитуван гoсподине Претседател,

Ми претставува особена чест и задоволство, од името на граѓаните на Република Македонија, и од свое лично име, да Ви упатам срдечни честитки по повод Вашиот избор за Претседател на Република Бугарија, со желби за успешно извршување на оваа одговорна функција во полза на просперитетот и благосостојбата на Вашата земја и нејзиниот народ.

Дозволете ми, во оваа прилика да ја истакнам мојата, и на Република Македонија, цврста определба за натамошно зајакнување на добрососедските односи и продлабочување на политичкиот дијалог со Република Бугарија. На тој план, сакам да го нагласам моето лично убедување дека во периодот што следи соработката ќе бележи натамошно интензивирање во сите области од взаемен интерес, како на билатерален, така и на регионален и мултилатерален план. Сигурен сум, дека нашите заеднички заложби во афирмирањето на мирот и стабилноста во регионот ќе допринесат за негова забрзана интеграција во евроатланските структури. На тој план ја очекуваме поддршката од Република Бугарија.

Повторувајќи ги моите срдечни честитки и желби за натамошна успешна работа и лична среќа, Ви ги упатувам, господине Претседател, изразите на моето највисоко почитување.

Д-р Ѓорге Иванов

  Back<<Назад