|
Медал за заслуги за Македонија за членовите на кошаркарската репрезентација
|
|
Понеделник, 12 Септември 2011
|
|
|
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов денеска донесе Указ со кој се одликуваат членовите на Македонската кошаркарска репрезентација со ,,Медал за заслуги за Македонија’’, за постигнатите врвни резултати во кошарката на меѓународен план, со што дадоа исклучителен придонес за развој и популаризација на овој спорт во земјата и афирмација на Република Македонија во светот.
|