|
Честитка за освоената бронза до македонската универзитетска ватерполо репрезентација
|
|
|
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денес, во телефонски разговор им го честиташе големиот успех на македонската универзитетска ватерполо репрезентација, која го освои третото место на Универзијадата која се одржува во кинескиот град Шенжен.
Во својот разговор со репрезентативците и со стручниот тим, Претседателот Иванов пренесе честитки и во името на граѓаните на Република Македонија.
Претседателот оцени дека со освојувањето на бронзениот медал, во конкуренција на силни и етаблирани репрезентации, македонските репрезентативци на извонреден начин ја претставија Република Македонија пред светот.
|