Оглас за волонтирање во народните канцеларии на Претседателот на Република Македонија
Вторник, 28 Јуни 2011   

altСо цел приближување на работата на Претседателот на Република Македонија до младите, а воедно и укажување на можност за стекнување на работно искуство со кое би можеле полесно да конкурираат на пазарот на трудот, Кабинетот на Претседателот овозможува волонтирање на заинтересираните, во Народните канцеларии во Скопје и Тетово.

Правата и обврските на лицата ангажирани во работата на Народните канцеларии ќе се регулираат согласно Законот за волонтерство („Службен весник на Република Македонија“ бр.85/07 и 161/08).

По завршување на волонтирањето, Кабинетот на Претседателот не превзема обврска за вработување на волонтерите.

Заинтересираните кандидати треба да достават:
• писмо за интерес;
• кратка биографија;
• доказ за завршено образование.

Документите да се достават до Кабинетот на Претседателот на Република Македонија најдоцна до 5.07.2011 година, на адреса:

Кабинет на Претседателот на Република Македонија  (Комисија за „Народни канцеларии“)
„Вила Водно“
Ацо Караманов бб
МК-1000 Скопје

Белешка: Огласот се распишува согласно Одлуката за организација и делокруг на работата на Кабинетот на Претседателот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 30/2000; 9/2001 и 41/2010) и Одлуката за формирање на Народни канцеларии бр: 07-434/1 од 15.03.2010 година.

 

  Back<<Назад