Честитика по повод празникот Воскресение Христово - Велигден
Сабота, 23 Април 2011   

altПретседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов упати честитка до христијанските верници по повод празникот Воскресение Христово - Велигден:

Во овие празнични денови ми претставува особено задоволство на сите христијани да им го честитам претстојниот голем празник, празникот над сите празници - Воскресението Христово-Велигден.

Ви посакувам Велигден да го поминете во добро здравје, благосостојба и среќа, споделувајќи љубов и топлина со вашите најблиски и исполнети со мир и спокојство.

Нека и овој Велигден биде инспирација да ги сакаме ближните повеќе од самите себеси и не штедејќи се да го следиме патот на вистината и светлината. Сплотени и вдахновени од жртвата на Христа искрено да им проштеваме на сите што ни погрешиле подавајќи им рака и милосрдие и да не заборавиме да ја негуваме љубовта кон нашите сограѓани и нашата татковина и заедно да работиме за поубава и посветла иднина.

Нека ни е честито Воскресението Христово и нека Господ не благослови и поткрепи со праведност и чесност да го сочуваме тоа што ни го оставил во наследство.

Христос воскресна, навистина воскресна!
 

  Back<<Назад