Новите амбасадори на Замбија и на Куба ги предадоа акредитивните писма на Претседателот Иванов
Петок, 29 Април 2011   

altПретседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Замбија во Република Македонија, со седиште во Берлин, Н.Е. г-дин Џонстон Фанвел Чицинга и на новоименуваниот амбасадор на Република Куба во Република Македонија, со седиште во Софија, Н.Е. г-ѓа Тересита де Хесус Капоте Камачо.

На средбата со новоименуваниот амбасадор на Република Замбија г-дин Чицинга, Претседателот Иванов изразувајќи благодарност за принципиелниот став и употребата на уставното име на Република Македонија, посочи на потребата за понатамошно интензивирање и унапредување на односите и соработката со Република Замбија во сите сфери од заеднички интерес како на билатерален така и на мултилатерален план. На средбата беше нагласена потребата од унапредување на правната рамка, и подготвеност за соработка и контакти во рамките на мултилатералните организации и форуми.

Во разговорот со новоименуваниот амбасадор на Република Куба г-ѓа Камачо, Претседателот Иванов ја поздрави подготвеноста за интензивирање на економската соработка и јакнење на трговската размена, како и интересот на двете земји за развој на односите во областа на културата, образованието и медицината. Амбасадорот Камачо, истакна дека Република Куба придава особено значење на развојот на односите и соработката со Република Македонија, и во тој контекст дека за време на својот мандат ќе направи се за унапредување на односите и соработката со Република Македонија.

 

 

  Back<<Назад