Средба со началникот на Генералштабот на копнената војска на Обединетото Кралство, генерал сер Питер Вал
Среда, 02 Март 2011   


Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денес (2 март) го прими началникот на Генералштабот на копнената војска на Обединетото Кралство генералот сер Питер Вал.

На средбата, главна тема на разговор беше заедничкото учество во мисијата во Авганистан. Претседателот Иванов истакна дека Република Македонија ги поддржува оваа и другите заеднички обврски преземени од страна на Северноатланската Алијанса, во рамките на својата стратегиска цел, да биде полноправна членка на НАТО.

Други теми отворени на средбата беа односите на двете армии и можностите за продлабочување на соработката. Претседателот Иванов и генерал Вал разменија мислења за перспективите за водење на заедничка воена обука и вежби, како и за обука на припадниците на Армијата на Обединетото Кралство на полигонот Криволак.

  Back<<Назад