|
Сочувство до Претседателот на Романија, г. Клаус Јоханис
|
|
|
По повод пожарот во ноќниот клуб во Букурешт во кој загинаа 27, а беа повредени 200 луѓе, Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов упати сочувство до Претседателот на Романија, г. Клаус Јоханис, со следната содржина:
Почитуван господине Претседател,
Со тага ја примив веста за една од најголемите несреќи во Букурешт во изминатите децении и искрено жалам за загубените животи од овој трагичен настан.
Во овие тешки моменти за Вас, за граѓаните на Вашата земја и за семејствата на настраданите и повредените, дозволете ми, од името на граѓаните на Република Македонија и од мое лично име, да Ви упатам изрази на најдлабоко сочувство.
Ве молам, господине Претседателе, изразите на сочувство да ги пренесете до семејствата на трагично настраданите.
д-р Ѓорге Иванов
|