Сочувство до претседателот на Руската Федерација, г. Владимир Путин
Недела, 01 Ноември 2015   

putinПо повод авионската несреќа на рускиот авионот Ербас А-321, Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов упати сочувство до Претседателот на Руската Федерација, г. Владимир Путин, со следната содржина:

Почитуван господине Претседател,

Со шок и неверување ја примив веста за ужасната авионска несреќа и искрено жалам за загубените животи од оваа голема трагедија.

Нема соодветни зборови што ќе ја намалат Вашата и тагата на семејствата на настраданите, но дозволете ми во името на граѓаните на Република Македонија и во свое лично име да Ви упатам изрази на мое најискрено сочувство. Во овие тешки мигови, нашите мисли и молитви се со Вас и со пријателскиот народ на Русија.

Ве молам, господине Претседателе, изразите на сочувство да ги пренесете до семејствата на трагично настраданите.

д-р Ѓорге Иванов

  Back<<Назад