| Средба со експертска делегација на ГАЗПРОМ | |
|
|
На средбата на која присуствуваше и заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за финансии г-дин Зоран Ставрески се разговараше за унапредување на соработката меѓу Македонија и Русија во енергетскиот сектор, како и за условите за вклучување на Република Македонија во меѓународниот енергетски коридор „Јужен поток“, со можност за изградба на крак низ територијата на Македонија. Претставниците на експертската делегација на руската компанија ГАЗПРОМ изразија задоволство од изградбата на гасоводната мрежа во Република Македонија, за што искажаа целосна подотвеност за соработка и го информираа Претседателот Иванов за агендата на нивната посета на Република Македонија чија цел е утврдување на условите за почеток на овој проект. Претседателот Иванов ја искажа политичката подготвеност и поддршка на Република Македонија за реализација на овој проект кој ќе обезбеди енергетска стабилност на Република Македонија во следните децении и изрази уверување дека се создадени услови ГАЗПРОМ да учествува во изградбата на гасоводната мрежа во Република Македонија, за што двете страни искажаа целосна подотвеност за соработка. Средбата на Претседателот Иванов со експертската делегација од ГАЗПРОМ следува после посетата на Претседателот Иванов и вицепремиерот Ставрески на Руската Федерација реализирана во јуни оваа година кога беше потпишан договор за клириншкиот долг, а беше и остварена средба со генералниот директор на ГАЗПРОМ, г-дин Алексеј Милер.
|
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денеска прими претставници на експертска делегација од руската компанија ГАЗПРОМ.










