Проштална средба со амбасадорот на Црна Гора, Н.Е. г. Душан Мрдовиќ
Вторник, 24 Јуни 2014   

prostalnacrnagoraПретседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во проштална средба го прими амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Н.Е. г. Душан Мрдовиќ.

На средбата, двајцата соговорници изразија задоволство од севкупниот досегашен развој на билатерален план, кој континуирано бележи позитивен и нагорен тренд, како и од традиционално блиските и одлични политички односи меѓу двете земји. Заемна констатација е дека нема отворени прашања меѓу Република Македонија и Црна Гора, дека двете земји се посветени на идентични надворешно-политички цели, членство во НАТО и ЕУ и интензивна регионална соработка.

Претседателот Иванов изрази задоволство што двете земји споделуваат идентична визија и приоритети за иднината, во однос на соработката и взаемната подршка во евроатлантските интеграции, и ја истакна потребата од натамошно интензивирање на економската соработка.

Амбасадорот Мрдовиќ се заблагодари за укажаното гостопримство во текот на неговиот мандат и изрази задоволство од соработката со сите македонски институции.

  Back<<Назад