Република Македонија останува целосно посветена на членството во НАТО - Проштална средба со началник на Канцеларијата за врски на НАТО во Република Македонија, полковник Александар Александров
Вторник, 24 Јуни 2014   

prostalnanatoПретседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во проштална средба го прими началникот на Канцеларијата за врски на НАТО во Република Македонија, полковник Александар Александров.

На средбата двајцата соговорници изразија задоволство од соработка меѓу Република Македонија и НАТО, при што беше оценето дека односите се на исклучително високо ниво. Особено беше истакнат придонесот што Република Македонија го дава во рамки на меѓународните мировни мисии.

Република Македонија е решителна и одлучна во исполнувањето на поставените стратешки цели, истакна претседателот Иванов, надополнувајќи дека Република Македонија ги исполни сите критериуми за членство во Алијансата и очекува почитување на меѓународното право и на меѓународните обврски во насока на заземање на заслуженото членство во Алијансата. Членството на Република Македонија во НАТО не е придобивка само за нас, туку и за Алијансата и за нашиот регион и Република Македонија, ќе продолжи да го дава својот придонес за стабилноста на регионот и пошироко, преку учество во меѓународните мировни мисии, порача претседателот Иванов.

Македонскиот претседател изрази благодарност за досегашниот придонес на полковник Александров, во насока на унапредување на односите меѓу Република Македонија и НАТО, и му посака успех во натамошната кариера.

  Back<<Назад