|
Средба со д-р Зоран Јолевски, министер за одбрана на Република Македонија
|
|
|
Претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го прими министерот за одбрана на Република Македонија, д-р Зоран Јолевски.
Претседателот Иванов на министерот Јолевски му го честиташе стапувањето на функцијата министер за одбрана на Република Македонија и му посака успех во работата.
На средбата претседателот Иванов и министерот Јолевски разменија мислења за развојот на Армијата на Република Македонија во согласност со приоритетите на НАТО во рамките на концептот „мудра одбрана" и за учеството на Армијата на Република Македонија во меѓународните мисии под НАТО, ЕУ и ОН. Министерот Јолевски го информираше претседателот Иванов за планот за претстојните активности поврзани со Самитот на НАТО во Велс оваа година.
Соговорниците се согласија дека покрај уставните и законските обврски и должности на Министерството за одбрана и АРМ, реформските процеси во функција на одржувањето на компатибилноста со НАТО стандардите на АРМ и членството на земјата во Алијансата претставуваат врвни приоритети и во наредниот период. Во таа насока беше договорена натамошна тесна соработка и координирани ангажмани меѓу врховниот командант, Министерството за одбрана и АРМ. Соговорниците изразија задоволство од фактот дека АРМ е институцијата во која граѓаните имаат најголема доверба, и искажаа подготвеност за максимална посветеност за таквата перцепција на граѓаните и понатаму да продолжи.

|