Средба со поранешниот британски премиер Тони Блер
Среда, 02 Октомври 2013   

bler1Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го прими г-дин Тони Блер, поранешен премиер на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

На средбата претседателот Иванов изрази задоволство од посетата на г-динот Блер, истакнувајќи го значањето што Република Македонија во континуитет го придава на развојот на односите и соработката со Обединетото Кралство.

Двајцата соговорници изразија задоволство од нивото на билатералните односи меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство.

На средбата стана збор за европските и евроатланските перспективи на земјите од регионот. Во тој контекст, претседателот Иванов ги потврди заложбите на Република Македонија и посветеноста на реформските процеси, со цел исполнување на стратешките приоритети - членство во Европската унија и НАТО. Заемен заклучок на средбата беше дека европската идеја и интегративниот процес се незаменлив механизам за реформските процеси и достигнување на европските вредности и критериуми кај земјите аспиранти, но истовремено и механизам за надминување на билатералните разлики. Од тој аспект, поранешниот премиер Блер истакна дека за време на својот мандат, но и сега, силно ги подржувал интегративните процеси на земјите од Западен Балкан во ЕУ и во НАТО и смета дека ЕУ нема да биде комплетен проект без интеграцијата на западниот Балкан во неа.

bler2

  Back<<Назад