Претседателот Иванов го прими во проштална средба полскиот амбасадор, Н.Е. г. Пжемислав Чиж
Четврток, 11 Јули 2013   

polskaПретседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во „Вила Билјана" во Охрид, го прими во проштална средба амбасадорот на Република Полска во Република Македонија, Н.Е. г. Пжемислав Чиж.

На средбата, заемна констатација беше дека односите меѓу двете земји се на исклучително ниво и беше искажано задоволство од континуираниот политички дијалог. Двајцата соговорници констатираа дека во наредниот период, двете земји треба да се фокусираат и со заеднички ангажман да се искористат потенцијалите за продлабочување на билатералната соработка во сите сфери од заемен интерес.

Претседателот Иванов се заблагодари за континуираната поддршка која Република Македонија ја добива од Република Полска во настојувањата за реализација на зацртаните стратешки цели, потенцирајќи дека Република Македонија во Република Полска секогаш гледа искрен пријател и партнер.

Амбасадорот Чиж се заблагодари за помошта и поддршката која ја уживал од претседателот Иванов, неговиот кабинет и од институциите на Република Македонија за време на должноста, нагласувајќи дека Република Полска, како и досега, така и во иднина, ќе ги поддржува стратешките цели на Република Македонија.

  Back<<Назад