Писмо со благодарност од претседателот Обама за честитката по повод Националниот празник на САД, 4 јули - Денот на независноста
Вторник, 09 Јули 2013   

Почитуван господине Претседател,

Во името на Американскиот народ, Ви благодарам за внимателната честитка што ја пративте во време кога ја славиме 237 годишнината од независноста.

На 4 Јули 1776 година, со усвојувањето на Декларацијата за независност, нашите татковци-основачи создадоа нација втемелена врз идеалите што станаа уште поважни во нашето време – непоколеблива посветеност кон слободата, напредокот и потрагата по среќа за сите. Во овие неизвесни времиња, се надевам дека ќе продолжиме да работиме заедно за ги доведеме овие благослови до народите ширум светот.

Искрено,
Барак Обама

  Back<<Назад