|
Сочувство до претседателот на САД, Обама за настраданите деца во масакрот во Њутаун
|
|
Понеделник, 17 Декември 2012
|
|
|
Претседателот на Република Макеоднија д-р Ѓорге Иванов, упати писмо со сочувство до претседателот на САД, Барак Обама, во кое изразува жалење за убиството на децата во масакрот во основното училиште во Њутаун, Конектикат:
Почитуван г-дине Претседател, Со голем шок и длабока потресеност ја примив веста за трагедијата во Њутаун. Без оглед на тоа каде живееме, ваквата трагична загуба на невини млади животи е уште еден потсетник дека мора да останеме заедно и силни во име на човечноста и да направиме сè за добросостојбата на нашите деца.
Во овие мигови на длабока тага, дозволете ми во име на граѓаните на Република Македонија, да изразам искрено сочувство. Нашите мисли и молитви се со семејствата кои ги изгубија нивните сакани.
Ве молам господине Претседател, изразите на длабоко сочуство да ги пренесете до семејствата на трагично настраданите.
Д-р Ѓорге Иванов
|