Честитка до припадниците на еврејската заедница во Република Македонија по повод еврејскиот празник Ханука
Сабота, 08 Декември 2012   

altПретседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод големиот еврејски празник Ханука, упати честитка до г-ѓа Бјанка Суботиќ, Претседател на Еврејската заедница на Република Македонија, како и до сите припадници на еврејската заедница во Република Македонија.

Почитувана госпоѓо Суботиќ,

Ми претставува особено задоволство, од името на граѓаните на Република Македонија како и од свое име, да Ви упатам Вам и на сите припадници на Еврејската заедница во Република Македонија срдечни честитки по повод големиот еврејски празник на светлината – Ханука.

Светлината ослободува од темнината, како што слободата ослободува од ропството. Светлината на слободата отсекогаш била водилка на бројни поединци, народи и нации низ историските премрежија, како што и денес е наша водилка низ современите предизвици. На тој наш пат, инспирација наоѓаме кај припадниците на Еврејската заедница кои низ историјата се препознаваат по својата истрајност, посветеност и непокор. Затоа, на овој светол празник, Република Македонија со благодарност си споменува за сите припадници на Еврејската заедница, кои беа дел од македонската борба за слобода и кои се вградија во македонската независност. Токму затоа, Еврејската заедница е почитувана и ценета во Република Македонија. Уверен сум дека Еврејската заедница ќе продолжи да дава значаен придонес кон нашата заедничка европска иднина.

Нека е среќна Ханука, нека е вечна по Save бедата на Светлината врз Темнината!
Хануках Самеах!

д-р Ѓорге Иванов

  Back<<Назад