Писмо со сочуство од претседателот Иванов до семејството на Арбен Џафери
Четврток, 16 Август 2012   

Почитувано семејство Џафери,

Со големо жалење ја примив веста за смртта на вашиот сопруг, татко и брат Арбен Џафери и длабоко жалам за вашата ненадоместлива загуба.

Арбен Џафери во овие две децении од неговото политичко дејствување како претседател на партија и пратеник во Собранието на Република Македонија даде значен придонес за соживотот помеѓу етничките заедници и за развојот на демократските процеси во Република Македонија.

Почитувани, во овие моменти на огромна тага за вашето семејство, дозволете ми да ви упатам изрази на искрено сочувство и да ве охрабрам во поднесувањето на тешката загуба.

Со изрази на најдлабоко сочувство

д-р Ѓорге Иванов


 

  Back<<Назад