| Став на Претседателот на Република Македонија за настанот во Слупчане | |
|
|
Униформираните лица во придружба на Министерот за одбрана, не се во формацискиот состав на Армијата на Република Македонија, туку членови на Кабинетот на министерот. Претседателот Иванов побара од надлежните расветлување на случајот и утврдување на постоење на злоупотреба на службената должност. Претседателот на Република Македонија бара од сите фактори да не ја злоупотребуваат Армијата на Република Македонија и употребата на армиската униформа за политички, партиски, или какви било други цели.
|
Во врска со последниот настан во Слупчане, Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по добивањето на релевантните информации од надлежните институции, оценува дека не биле испочитувани институционалните правила и процедури.










