| Средба на претседателот Иванов со премиерот Ердоган на Ифтар вечера во Истанбул | |
|
|
Во обраќањето на Ифтарската вечера, претседателот Иванов им го честита празникот додавајки дека во овие мигови на празнување посакува кај сите верници да преовладува чувството на мир, љубов, толеранција и меѓусебно разбирање. Да преовладуваат вредностите кои ги зближуваат, а не ги разделуваат луѓето и народите. - Доаѓам од земја која посветено ја негува вековната традиција на мултиетнички и мултирелигиски соживот. Соживот кој претставува наша голема придобивка со која се гордееме. Придобивка која покажува дека местото на нашата земја и е во рамки на европското семејство на нации и држави. Нашиот исклучителен придонес како земја во која вери, традиции и разни етнички групи соработуваат на градењето на заеднички дом, е доказ дека е можна подобра иднина за регионот, Европа и светот, истакна претседателот Иванов на вечерата.
На вечерата беа присутни многу познати личности од сферата на политиката, бизнисот, верските заедници и јавниот живот на Турција. Меѓу присутните беше и Вселенскиот Патријарх Вартоломеј со кого претседателот Иванов имаше многу срдечна средба. Претседателот Иванов вчера, исто така, оствари телефонски разговор со Претседателот на Република Турција Абдула Ѓул, на кого му го честита празникот Рамазан посакувајќи му лична и семејна среќа. Разговарајќи за актуелните состојби во регионот, повторно беа потенцирани одличните севкупни билатерални односи меѓу Република Македонија и Република Турција.
|
За време на престојот во Република Турција, каде летуваше со своето семејство, Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, оствари средба со Премиерот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган. На покана на премиерот Ердоган, претседателот Иванов и неговата сопруга вчера вечер присуствуваа на Ифтар вечерата, приредена во Истанбул, по повод големиот муслимански празник Рамазан.
Премиерот Ердоган се заблагодари за присуството на претседателот Иванов и изрази задоволство што овој значаен празник за муслиманскиот свет, го одбележува заеднички со македонски претседател. Турскиот премиер нагласи дека ова е уште еден доказ за почитта на претседателот Иванов кон Рамазан и верниците од муслиманската вероисповед, што истовремено оди во прилог на традиционално пријателските и блиски односи меѓу двете земји.










