| Писмо со благодарност од претседателот на САД, Барак Обама до претседателот Иванов | |
|
|
Ви благодарам на Вашата љубезна честитка по повод 236-годишнината од независноста на Соединетите Држави. Иако светот во кој живееме се чини дека станува се посложен од година во година, Американците и натаму остануваат посветени и познати по едноставните вистини на идеалите на нашите основачи: дека сите ние сме создадени еднакви и дека на сите нас ни се дадени неотуѓивите права на живот, слобода и потрага по среќа. Во оваа прилика, дозволете ми да Ви се заблагодарам за Вашата честитка и да Ви посакам од се срце благослов за слобода за Вас и за Вашиот народ. Срдечно, Барак Обама
|
Почитуван господине Претседател,










