Честитка од претседателот Иванов до новоизбраниот претседател на Арапската Република Египет, Мохамед Морси
Среда, 27 Јуни 2012   

altВаша Екселенцијо,

Во името на граѓаните на Република Македонија, и во мое лично име, би сакал да Ви го честитам изборот за Претседател на Арапската Република Египет и да Ви упатам најискрени желби за успешна работа, просперитет и благосостојба на граѓаните на Вашата земја.

Република Македонија и Арапската Република Египет од секогаш негувале пријателски односи и соработка. Верувам дека со заеднички ангажман ќе продолжиме да го негуваме пријателството и да ја унапредуваме соработката во сите сфери од заемен интерес. Во таа насока ви ја искажувам мојата и на Република Македонија целосна подготвеност.

Со такво уверување, Ви ги упатувам, Ваша Екселенцијо, изразите на моето високо почитување.

д-р Ѓорге Иванов

  Back<<Назад