|
Писмо со сочуство до Претседателот Саркози
|
|
|
Почитуван господин Претседател,
Со длабоко жалење ги примив вестите за временската непогода која предизвика вистинска трагедија и длабоко жалам за загубените животи, за човечките страдања и големите штети од оваа катастрофа која ја погоди пријателска Франција.
Нема соодветни зборови кои ќе ја намалат Вашата и тагата на граѓаните на Француската Република, но дозволете ми во името на граѓаните на Република Македонија и во свое лично име да Ви упатам изрази на мое најискрено сочувство.
Ве молам, изразите на најдлабоко сочувство да ги пренесете до семејствата на настраданите и сакам да Ве уверам дека граѓаните на Република Македонија и јас лично искрено жалиме за овој трагичен настан.
д-р Ѓорге ИВАНОВ
|