Писмо со сочуство до Претседателот Ѓул
Понеделник, 08 Март 2010   

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, по повод земјотресот во реонот на Елазиг, источна Турција, испрати писмо со сочувство до Претседателот на Република Турција Абдула Ѓул.



Претседателот Иванов изрази длабоко жалење за изгубените животи и за големите штети предизвикани од оваа природна катастрофа.

- Во овие мигови на длабока тага за Вас, Вашата држава и пријателскиот турски народ, во свое лично име и во име на граѓаните на Република Македонија упатувам изрази на најдлабоко сочувство, се вели во писмото од Претседателот Иванов до Претседателот Ѓул.

  Back<<Назад