| Сочувство до италијанскиот претседател Наполитано за жртвите во земјотресот кој го погоди регионот Емилија-Ромања | |
|
|
Со длабока тага ја примив веста за големата трагедија – земјотресот што го погоди регионот Емилија-Ромања, земајќи бесценети човечки животи, оставајќи илјадници луѓе без покрив над глава. Искрено жалам за загубените животи во оваа природна непогода. Во овие тажни моменти за Вас, за граѓаните на Вашата земја и за семејствата на настраданите, дозволете ми, од име на граѓаните на Република Македонија и од мое име, да Ви упатам изрази на длабоко сочувство. Во овие моменти на тага, нашите молитви се со Вас и со семејствата на настраданите. Ве молам, господине Претседателе, изразите на сочувство да ги пренесете до пријателскиот италијански народ. д-р Ѓорге Иванов
|
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, упати писмо со сочувство до претседателот на Италијанската Република, Џорџо Наполитано, по повод трагично загубените животи во земјотресот кој ја погоди Северна Италија:










