Сочувство до албанскиот претседател Топи за жртвите во несреќата во близина на Химара
Вторник, 22 Мај 2012   

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, упати писмо со сочувство до претседателот на Република Албанија, Бамир Топи, по повод трагично загубените животи во сообраќајната несреќа во Албанија:

Со длабока тага ја примив веста за големата трагедија во близина на Химара, и искрено жалам за загубените животи во оваа голема сообраќајна несреќа.

Во овие тажни моменти за Вас, за граѓаните на Вашата земја и за семејствата на настраданите, дозволете ми, од име на граѓаните на Република Македонија и од мое име, да Ви упатам изрази на длабоко сочувство. Во овие моменти на тага, нашите молитви се со Вас и со семејствата на настраданите.

Ве молам, Ваша Екселенцијо, изразите на длабоко сочувство да ги пренесете до семејствата на трагично настраданите.

д-р Ѓорге Иванов


  Back<<Назад