|
Средба со водачите на Евангелско-протестанските цркви во Македонија
|
|
Понеделник, 26 Април 2010
|
|
|
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денеска се сретна со водачите на Евангелско-протестанските цркви во Македонија. На сребата, иницирана од страна на Претседателот Иванов, претставниците на верските заедници ја изнесоа визијата за својата работа во општеството. Тие го информираа Претседателот Иванов и за своите секојдневни активности преку кои придонесуваат за обнова и практикување на моралните и етичките вредности во секој сегмент на општествениот живот.
Претседателот Иванов истакна дека преку почитување на различностите треба да ја градиме демократијата и да бидеме пример на Балканот и во Европа за мултиетничка и мултирелигиска толеранција која се базира на принципот на инклузивност.
На сребата, претставниците од Евангелско-протестанските цркви го запознаа Претседателот Иванов и со својата хуманитарна работа, издавачка дејност како и вложувањето во младите генерации како идни лидери и носители на промените во Република Македонија.
|