Сочуство до српскиот претседател Тадиќ за загинатите во пожарот во Нови Сад
Понеделник, 02 Април 2012   

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов упати сочуство до претседателот на Република Србија, Борис Тадиќ за загубените животи во пожарот во Нови Сад:

Со длабока тага ја примив веста за трагедијата во Нови Сад во која животот го загубија шест млади луѓе. Во овие тажни моменти за Вас, за граѓаните на Вашата земја и семејствата и пријателите на настраданите, дозволете ми, од името на граѓаните на Република Македонија и од мое лично име, да Ви упатам изрази на длабоко сочувство. Во овие моменти на тага, нашите молитви се со Вас и семејствата на настраданите.

Ве молам, Господине Претседателе, изразите на длабоко сочувство да ги пренесете до семејствата на трагично настраданите.

д-р Ѓорге Иванов

  Back<<Назад