| Македонија е посветена на дигиталниот развој и унапредувањето на инвестициските потенцијали – средба со Карлос Слим | |
|
|
Претседателот Иванов и г-динот Слим, кој допатува во Охрид на петтиот по ред состанок на Комисијата за широкопојасен интернет, изразија заемно задоволство што овој форум се одржува токму тука, воедно отворајќи ја можноста г-динот Слим да се запознае со Македонија, нејзините потенцијали и капацитети. Претседателот Иванов истакна дека Република Македонија е стратешки посветена на развојот на информациските технологии и информатичкото општество, особено во контекст на економскиот и општествениот развој. Одржувањето на конференцијата на Комисијата во Охрид, претставува признание и потврда на тие напори. Г-динот Слим истакна дека во текот на денот беше запознаен со актуелните економски состојби во земјата, стратешките интереси, како и со потенцијалните инвестициски проекти во неколку сектори. Двајцата соговорници разменија мислења и за условите и поволностите за инвестирање во Македонија, и сите реформски зафати кои шест години по ред ја поставуваат земјата високо меѓу најдобрите инвестициски дестинации, рангирани во извештајот на Светска банка. Претседателот Иванов на својот гостин Слим му посака успешна и продуктивна посета на Република Македонија.
|
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денес во Охрид оствари средба со г-дин Карлос Слим, ко-претседавач со Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој и еден од најеминентните бизнисмени на глобално ниво.










