|
Новоименуваниот амбасадор на Малави, Исак Чиквеквере Ламба, ги предаде акредитивните писма
|
|
|
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денес ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Малави г-дин Исак Чиквеквере Ламба.
На средбата, Претседателот Иванов изрази надеж дека Македонија и Малави ќе ги интензивираат своите односи во текот на мандатот на амбасадорот Ламба, кој е со седиште во Берлин.
Претседателот Иванов и амбасадорот Ламба ги разгледаа основните политички и економски приоритети на Република Македонија и на Република Малави, и разговараа за можностите за интензивирање на соработката на меѓународен план.
|