| Писмо со сочувство до Претседателот на Народна Република Кина Ху Џинтао | |
|
|
По трагичниот земјотрес кој однесе над 700 животи во Кина, Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов испрати писмо со сочувство до Претседателот на Народна Република Кина Ху Џинтао. Писмото го испраќаме во целост. Почитуван господине Претседател, Со длабоко жалење ја примив веста за големата трагедија која ја погоди Вашата земја. Жалам за изгубените животи, за големите и ненадоместливи штети предизвикани од оваа природна катастрофа. Во овие мигови на длабока тага за Вас, Вашата држава и пријателскиот кинески народ, во свое лично име и во име на граѓаните на Република Македонија упатувам изрази на најдлабоко сочувство. Почитуван господине Претседател, убеден сум дека солидарноста и хуманоста ќе помогнат да се ублажат последиците од оваа голема трагедија. Ве молам, изразите на најдлабоко сочувство да ги пренесете до семејствата на настраданите и сакам да Ве уверам дека граѓаните на Република Македонија искрено жалат за овој трагичен настан. Д-р Ѓорге Иванов
|











