| Средба со генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд | |
|
|
Централна тема на разговорот беше претстојното претседавање со Комитетот на Министри на Советот на Европа, за кое Претседателот Иванов изрази уверување дека Македонија ќе ги вложи сите напори за успешно и продуктивно претседавање со Советот. Иванов и Јагланд зборуваа за главните приоритети на Македонија во текот на шестмесечното претседавање. Претседателот Иванов истакна дека Република Македонија од денот на своето членство во најстарата пан-европска организација придава највисоко можно значење на соработката со Советот на Европа и во тој правец придонесот кон планираните реформи и зголемувањето на ефиканоста на Советот ќе бидат приоритети на македонското претседателство. Претседателот Иванов во истовреме потенцираше дека и покрај блокадите со кои се соочува во евроатлантските интегративни процеси, Република Македонија останува силно посветена на реформската агенда. Македонскиот претседател јасно потенцираше дека Република Македонија на ниту еден начин не сака да го злоупотреби своето претседавање со Советот на Европа во поглед на билатералното прашање за разликата околу името за што се водат разговори под покровителство на ОН. Генералниот секретар Јагланд изрази уверување дека Република Македонија успешно ќе одговори на одговорната должност за време на своето претседавање и дека на планот на приоритетите на Македонија, како и на планот на реформските процеси во Советот на Европа ќе има успешна соработка.
|
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денеска приреди работен ручек за генералниот секретар на Советот на Европа, г-дин Торбјорн Јагланд.










