| Средба со Министерот за надворешни работи и соработка на Шпанија Мигел Анхел Моратинос | |
|
|
Претседателот Иванов упати честитки до Шпанското претседателство со ЕУ во напорите и особено за посветеноста на евро-интегративниот процес на земјите од регионот. Претседателот Иванов на средбата јасно ги соопшти позициите на Република Македонија во однос на наметнатиот проблем од Грција за прашањето на името кој ги блокира стратешките цели на Република Македонија, интеграцијата во ЕУ и НАТО. Притоа, Претседателот Иванов нагласи дека наспроти впечатокот кој што се создава во меѓународната јавност, Република Македонија е страната која бара и е подготвена за заемно прифатливо решение, бидејќи Македонија е таа која ги чувствува последиците од опстојувањето надвор од евроатлантските структури. Претседателот Иванов нагласи дека доколку постои сериозна и реална подготвеност и политичка волја кај нашиот јужен сосед, и доколку решението се бара во рамките на резолуциите на ОН и меѓународното право, до компромис може да се дојде. Министерот Моратинос истакна дека е охрабрен од она што Република Македонија и целото општество го направиле во смисол на исполнување на критериумите и стандардите неопходни за интеграција на земјата во ЕУ. Министерот Моратинос дополни дека е охрабрен од посветеноста на Република Македонија за изнаоѓање на заемно прифатливо решение за прашањето на името и изрази надеж дека за време на нивниот мандат би можело да биде одреден датум за отпочнување на преговорите со ЕУ.
|
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денеска го прими Министерот за надворешни работи и соработка на Кралството Шпанија Мигел Анхел Моратинос.










