| Сочуство до белгискиот крал Алберт II за изгубените детски животи во сообраќајна несреќа | |
|
|
Ваше Височество, Со длабока тага ја примив веста за големата трагедија која зеде бесценети детски животи, и искрено жалам за загубените животи во оваа голема сообраќајна несреќа. Речено е: „Господ е близу оние кои се со скршени срца, и ги спасува оние кои се со скршен дух.“ Во овие тажни моменти за Вас, за граѓаните на Вашата земја и семејствата на настраданите, дозволете ми, од името на граѓаните на Република Македонија и од мое лично име, да Ви упатам изрази на длабоко сочувство. Во овие моменти на тага, нашите молитви се со Вас и семејствата на настраданите. Ве молам, Ваше Височество, изразите на длабоко сочувство да ги пренесете до семејствата на трагично настраданите. д-р Ѓорге Иванов
|
Претседателот на Република Макеоднија д-р Ѓорге Иванов испрати сочуство до Кралот на Белгијците, Н.В. Алберт II, по повод трагичната сообраќајна несреќа во која животот го изгубија 22 деца.










