Претседателот донесе укази за поставување старешини во Армијата на Република Македонија
Среда, 14 Март 2012   

Претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, донесе укази за поставување старешини во Армијата на Република Македонија, во согласност со новата организациско-формациска структура.

За директор на Генералштабот на Армијата на Република Македонија е поставен бригаден генерал Димче Петрески.
За командант на Здружената оперативна команда е поставен бригаден генерал Методија Величковски.
За началник на штабот на Здружената оперативна команда е поставен полковник Мухамет Рацај.
За командант на 1. Механизирана пешадиска бригада е поставен полковник Стојан Димчов.
 
Со овие поставувања започнува практичната имплементација на новата организациско-формациска структура на Армијата на Република Македонија.


  Back<<Назад