| Средба со пратеничката група за шведско-македонско пријателство на Парламентот на Кралството Шведска | |
|
|
Претседателот Иванов го поздрави неодамнешното формирање на групата за шведско-македонско пријателство и изрази уверување дека активностите на групата ќе придонесат за уште попродуктивна билатерална соработка меѓу Република Македонија и Кралството Шведска. Претседателот Иванов изрази задоволство од доследната и конструктивна поддршка на Кралството Шведска за интеграцијата на Република Македонија во Европската унија, особено во периодот на шведското претседателство во 2009 година. Тој ја истакна значајната улога на шведското лидерство во добивањето позитивен извештај од страна на Европската комисија, како и придонесот кон визната либерализација за граѓаните на Република Македонија. На средбата беше разговарано и за перспективите за скорешно добивање датум за преговори за членство во ЕУ, следствено ставот на шведската Влада изнесен по пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, дека веќе се создадени можности за отпочнување на преговорите со Република Македонија. Претседателот и парламентарците разговараа и за перспективите за продлабочена соработка и во други сфери, како трговијата, туризмот, културата, одбраната, како и взаемна поддршка во мултилатералните организации. На средбата, претседателот Иванов посочи дека во Шведска живее бројна македонска заедница, која е воедно и мост кој секогаш ќе ги поврзува девете пријателски земји.
|
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денеска во својот Кабинет ја прими делегацијата од пратеничката група за шведско-македонското пријателство на Парламентот на Кралството Шведска.










