| Честитка до српскиот претседател Тадиќ по повод добивањето на статус кандидат за членство во ЕУ на Република Србија | |
|
|
Почитуван Претседател, Дозволете ми да Ви упатам срдечни честитки по повод добивањето на статусот кандидат за членство во Унијата. Ја поздравувам посветеноста и постигнатиот напредок и успех на Република Србија на патот кон пристапување во европското семејство. Денешниот ден претставува уште еден голем историски исчекор кон европската перспектива на земјите од Западен Балкан. Имајќи ја предвид мојата, но и на Република Македонија, голема посветеност на процесот на интеграции во ЕУ, се радуваме на Вашиот успех, тоа се добри вести за нашиот регион и позитивен сигнал и за останатите земји од регионот. Сакам да Ве уверам дека Република Македонија, како и досега, останува целосно подготвена тесно да соработува со Вашата држава во поглед на евро-интеграциите. Европската идеја, обединувањето и интеграцијата немаат алтернатива за напорите за натамошен просперитет, конечна стабилност и безбедност на регионот на Југоисточна Европа. Убеден сум дека нашите европски пријатели и партнери, во нивниот пристап кон Балканот, ќе останат доследни и принципиелни кон оваа идеја. Ве молам, да ги примите топлите и срдечни поздрави од Република Македонија како и изразите на моето највисоко почитување. д-р Ѓорге Иванов
|
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод добивањето на статусот кандидат за членство во Европската унија на Република Србија, упати писмо до српскиот претседател, Борис Тадиќ:










