| Средба со Владимир Генадиевиќ Титов, заменик министер за надворешни работи на Руската Федерација | |
|
|
Претседателот Иванов и заменик министерот Титов на средбата разменувајќи мислења за досегашните билатерални односи, констатираа дека Република Македонија и Руската Федерација негуваат блиски и пријателски односи, со континуиран политички дијалог на високо ниво, што придонесува кон натамошното развивање на политичките, економските и културните врски. Претседателот Иванов изрази задоволство од активностите насочени кон поврзување на Република Македонија на стратегискиот проект Јужен Поток, додавајќи дека со тоа ќе се отвори нова перспектива за економски развој на Република Македонија. Двајцата соговорници посебно се осврнаа на можностите за продлабочена економска соработка, за натамошно зголемување на трговската размена водејќи се од позитивните трендови во извозот на македонски производи во Русија, и за можностите за зголемувањето на руските директни инвестиции во Македонија. Претседателот Иванов и заменик министерот Титов на средбата разменија мислења и за состојбите во регионот на Југоисточна Европа, европската финансиска криза и глобалната безбедност. Претседателот Иванов на средбата се заблагодари на постојаното и принципиелно почитување на македонското уставно име, идентитетот и културната традиција на македонскиот народ од страна на Руската Федерација. Претседателот Иванов накусо го информираше заменик министерот Титов за актуелната состојба во разговорите за надминување на ова прашање кое Република Грција го наметнува пред Република Македонија.
|
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денес оствари средба со Владимир Генадиевиќ Титов, заменик министер за надворешни работи на Руската Федерација.










